Продала куќа за операција за да спаси живот од прекумерна дебелина

Утре е голем ден за 34 годишната Мејрем Исмаил од Скопје, ќе се операција на желудникот во Истанбул, кај познатиот доктор Гурдал Орен и неговиот тим во болницата „Кадикој“, за да го спаси својот живот од прекумерна тежина. Мејрем има 250 килограми и поради тоа подолго време не е излезена од својот дом, пишува Женски магазин.

Од тежината не може да стане од кревет, ниту да оди во тоалет, а камо ли да се грижи за нејзиниот татко, кој пред неколку години имал мозочен удар. За да ја плати операцијата, Мејрем ја породала семејната куќа, и тие пари сака да ги вложи во како што вели, шансата да преживее.

„Немав можност да одам по лекари, но и од мојата гојазност не можев ни во автобус ни во такси да се качам. Дојдов до фаза која не можам ни татко ми да го гледам ни самата да се гледам. Јас од дебелина сама веќе не можам да станам ни од кревет, ни да одам во тоалет, ниту да излезам во двор. Години наназад и не излегувам ниту до продавница, ниту никаде. Од погледите на моите комшии, од тоа што сите ме гледаат чудно јас и немав желба да излегувам. Но, жално е тоа кога сакаш да излезеш во двор, а не можеш тоа да го направиш“, вели Мејрем за Женски магазин.

Нејзината приказна со прекумерената тежина почнала кога била многу мала кога тргнала на училиште.

„Во основното училиште „26 јули“ бев најголема и најкрупна во школо. Оттогаш цел живот секаде сум е најголема , најкрупна“, раскажува Мејрем за Женски магазин.

Драстично почнува да ги качува килограмите на 14 години, кога од рак на дојка починала нејзината мајка.

„Емотивноста направи некои нешта за кои ни самата не сум свесна. Не сум свесна како стасав до ова ниво. Кога бев тажна, јадев, кога бев среќна јадев. Секоја година станував поголема, подебела. Отсекогаш луѓето кои ми беа блиски ми велеа дека морам да внимавам на себеси, дека морам да држам диета. И јас знаев дека треба да држам диета, но, за жал нешатата не беа како што сакав или како што планирав. Сакав и јас да ослабнам, но едноставно не можев“, е дел од приказната на Мејрем.

Лекарите ја советувале дека под итно треба да го смени начинот на исхрана, но ништо не и успеало.

„Поминуваа години, моите килограми стануваа сè поголеми, а јас сè потажна и потажна. Додека сите девојки се дотеруваа јас се радував на подароците кои од странство ќе ми ги дадеше некој роднина, а се специјално купени од продавница за големи“, додава таа.

Мејрем, лекарскиот тим од Турција не прифатил да ја оперира веднаш, пред да ѝ го дадат потврдниот одговор требала да направаи повеќе анализи.

„Пред неколку месеци ја продадовме куќата и рековме дека со тие пари ќе се спасам. Ги направив крвните анализи и тоа што бараше Др. Орен. Добив потврден одговор и знаев дека цената варира зависно од медицинската историја и боди мас индексот.  Како што доаѓа денот за тргање во Истанбул ме фаќа страв и трема. Прв пат ќе одам за Турција. Чуствувам страв но и радост. Го молам Господ да ми помогне, да останам жива и да ослабнам. Сакам да можам сама да се движам, да можам да излезам до продавница, до пазар да одам, да седнам на едно кафе некаде и јас„, вели таа.

На денот на операцијата јас ќе бидам единствената негова пациентка. 15 октомври ќе е тој ден“, вели Мејрем која до Истанбул ќе патува со комбе, заедно со двајца нејзини братучеди.

„И јас и тие имаме трема, но и тие доаѓаат на овој пат со мене затоа што знаат колку сакам да се спасам и дека ова е мојата последна шанса за живот. Им благодарам предвреме на моите братучеди што една недела ќе бидат со мене во болница“, зборува младата девојка која искрено верува дека животот наскоро ќе ѝ се смени на подобро.

Оптимистички, таа за крај вели: „Се надевам дека и по операцијата за некој месец повторно ќе пишувате за мене и ќе направите поубави слики“.

Total
0
Shares
Поврзани објави