Премиерот Заев по трагедијата во Гостивар : Измена на законите но и слушање на ветеринарите !

Премиерот, Зоран Заев изрази жалење за трагичниот случај во Гостивар, каде 17-годишно девојче се удави во Вардар бегајќи од бездомно куче, кое ја нападнало во градскиот парк. Како што рече Заев, тој како градоначалник има лично искуство во справувањето со бездомните кучиња. Премиерот проблемот го лоцира во законите, кои, како што рече, се премногу комплицирани и треба да се направи нова регулатива која ќе го организира функционирањето на шелтер центрите.

-Јас знам како поранешен градоначалник дека Општина Струмица плаќаше огромни суми за приватни компании кои организираа центри за згрижување на кучиња согласно стандардите. Размислуваме на промена на легислативата во пофлексибилен начин кој ќе ги почитува меѓународните стандарди и Република Македонија ќе може тоа да го спроведе. Вакви ценри во Македонија има ретко низ градовите. Имаме во Скопје, но тој е со слаби услови и треба да го подобриме. Мораме да создадеме начин како тоа да се организираме, да ги заловуваме кучињата кои растат во се поголем број. Државата мора да поведе грижа. Еден начин е преку промена на законодавството, потоа и кон повнимателно слушање на ветеринарите и спроведување на нивните укажувања – рече Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави