Полицијата синоќа собираше и пијани девојчиња низ Скопје

До раните утрински часови траеше синоќешната голема акција на полицијата по скоските локали и казина. Dosie.com.mk беше меѓу младите на кои ноќната саботна забава им беше прекината околу 1 часот по полноќ. Еве ги нивните сведошва од неколку кафичи во градов и она што се слушуваше по улиците на градот.
-Беше еден и пол по полноќ и кога голема група полицајци упаднаа на кафичот. Ја исклучија музиката и ги запалија светлата. Ние се зачудивме што се случи но полициајците некои малку по агресивно но повеќето коректни веднаш кажаа дека прават рација. Го блокираа излезот и почнаа да легитимираат. Во наошиот кафич најдоа еден малолетник на кој му бил послужен алкохол, раскажуваат нашите соговорници со кои ја поминавме дел од вечерта.
-Проверката траеше половина час и никој не смееше да го наушти локалот. Најмногу се проверуваше дали има малолетници или обебзедувањето. Она што сите не изненади беше присуството на маскирани униформирани полицајци со автоматско оружје кои го обезбедуваа локалот од надвор и беа распоредени до блиско казино. Немаше како мораше да се движиме пеш или со такси .
Синоќа беше видливо огромно присуствона полицијата низ градот. Комбиња беа паркирани и пред ноќните клубови во аеродром , низ центарот на градот и околните населби. Околу два часот по полноќ полицајците најдоа и собраа неколку девојчиња кај Католичката црква. Тие беа седнати на скали и ги чуваше жена полицајка. Од она што го дознавме девојчината биле пијани и малолетни.
Пред градската болница во Скопје имаше исто така засилено присуство на полицијата и повеќе амбулантни возила.
Во текот на денот се очекува полицијата да излезе до детална информација за синоќашната акција и да појасни дали била изведена на територијата на цело Скопје и во сите населби. Според првичните информации се барале малолетници, дрога , се проверувало целото физичко обезбедување на објектите и се постапувало по Законт за забрана на пушење цигари во локали.

Кристина Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави