Почитуван премиер Зоран Заев јас сум многу разочарана и гневна, бидејки ми ветивте, но тие што требаше да го реализираат ветувањето не го исполнија

Снежана Караџовска , жената која во сообраќајка ги изгуби двете нозе му пиша отворено писмо на премиерот. По кој знае пат таа повторно е изиграна и операцијата со која ќе и се овозможи подобар живот е одложена. И покрај ветувањето дека државата ќе помогне да замине за Холандија , сепак ветеното не е исполнето , операцијата е одложена. Снежана требаше да добие нови протези со кои ќе застане повторно на нозе и ќе почне да живее достоинствено, без ограничувања и постојана потреба од придружба. Во продолжение отвореноо писмо:

Почитуван премиер Зоран Заев

И јас сум многу разочарана и гневна, бидејки ми ветивте, но тие што требаше да го реализираат ветувањето не го исполнија.
Сите ми честитавте нов живот, некој преку фб, некој по телефон, а министерот Венко Филипче, г-динот @Ден Дончев и г-динот Орхан Рамадани лично.
Не им верував, не затоа што сум песимист туку затоа што до сега неколку пати ветија но ништо баш ништо не исполнија, а со тоа ја загубија довербата. Затоа овој пат барав гаранции од вас и молев да не го испуштам и овој термин. Министерот дури ми рече и да се јавам во Холандија да спремаат нова фактура. Јас по петти пат ја презакажав операцијата и му напишав на докторот дека обезбедени се средства и имам голема поддршка од Владата . Поради неажурноста на институциите и овој термин го испуштив. Дали пациент со приоритет треба да чека три години.
Ми беше речено дека и вие ми честитате. Ако е тоа вистина како што ми пишуваше цело време г-динот Спасе Додевски ве молам да престане оваа тортура врз мене и нови преговори.
Ве молам почитуван премиер Зоран Заев да го исполните ветувањето, да ми се овозможат што е можно побргу средствата за лекување во странство, а со тоа и правото да можам сама да се грижам за себе.

Кристина Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави