По трагедијата во Романовце бремена жена и дете на интензивна нега – четворица во животна опасност

Седуммина повредени во несреќата при експлозијата на плинска боца во селото Романовце, во која загинаа три лица, денеска се донесени на Клиниките во Скопје.

Меѓу повредените има и бремена жена и уште едно дете.

Mинистерот за здравство, Венко Филипче ги посети повредеините

– Двајца мажи на околу 60 годишна возраст се на Клиниката за пластична хирургија, а две жени на 40 и 45 годишна возраст се на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и реанимација. Од тројцата пациенти во старата Градска болница, една жена на 40 годишна возраст е во одделот за интензивна нега, има и помлада жена од дваесетина години која е бремена, како и едно дете кое што има мал процент на изгореници, додава Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави