По 10 години дијализа Наташа го доби бубрегот од починатата Емилија – жената живее нов живот

По десет години неколкучасовна дијалза , три пати неделно приклучена на апарати – конечно доби шанса за нов живот каде што долгите и мачни дијализи ќе станат минато. И беше трансплатиран бубрег. За убавата вест слушнала во петокот, додека седела на гости кај својата ќерка и внуката. Не чекала ни момент да тргне и да и биде направена операцијата за која чека од 2012.

По направените испитувања, во саботата добила и негативен резултат од за Ковид 19 . Бубрегот  од починатата Емилија Динева веднаш и бил транспалтиран. Таа во моментов се чувствува добро и се надева дека наскоро ќе почне да живее како пред да стане пациентка во центарот за дијлиза во Железара и ќе може да се радува на растењето на својата едногодишна внука.

На листата на приоритетни пациенти за пресадување на бубрег била со уште тројца пациенти од државава. Сепак само таа и пациент од Куманово ги исполнувале сите параметри.  Јакимовска испрати апел граѓаните, сите кои што можат – да донираат орган , бидејќи со тоа спасуваат живот.

видео сторијата на порталот на ТВ Телма : www.telma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави