Планинската Спасителна Служба спаси двајца патници заглавени во снег на превојот „Баба“

Екипа на Планинската Спасителна Служба (ППС) синоќа интервенираше за извлекување на заглавен автомобил на превојот „Баба“, на планината Галичица.

Изведувајќи редовни тренажни активности и анализа на состојбата и условите на планината, екипа на ПСС при Црвен крст Охрид, наиде на заглавен автомобил со двајца патници на превојот „Баба“ и со помош на службено теренско возило асистираше во извлекување на истото од снежните наноси, од кои целосно е блокиран превојот на патниот правец Р-2332, преку планината Галичица. ПСС апелира до љубителите на планината и зимските авантури, да бидат крајно внимателни на овој патен правец, кој во моментов на места има големи снежни наноси, замрзната подлога и одрони, кои ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот, информираат од Планинската Спасителна Служба.

Потсетуваат и дека истиот патен правец е со ограничен режим на сообраќај во зимскиот период, при што сообраќајот е дозволен само во должина од 9 км, од Трпејца до излетничко место „Корита“, додека останатиот дел е затворен за сообраќај.

извор: ППС фото: ППС (ohridpress.com.mk)

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Доктор Јота оставен од државата откако беше прегазен: Неподвижен бев пет месеци, во Љубљана проодев за два дена, сам платив 12.000 евра

Професорот на Медицински факултет и дигестивен хирург доктор Ѓорги Јота за „Слободен печат“ раскажува со какви проблеми се…