Писмо до Шилегов: Светот не шири улици во центар, не сече дрвја и не бетонизира – Центар е во пред-инфарктна состојба !

Попладнево во Центар се одржа собир на граѓани по најавите дека улицата Даме Груев ќе се проширува односно паркингот и дрвеоредот ќе се уништат. Беше прочитано писмо односно Граѓанска инициијатива против проширување на улицата Даме Груев во кое граѓаните направиле анализа на состојбите и даваат предлог како центарот на Скопје да се ослободи од гужва , застој на сообраќај, да се воведат модерни современи сообраќајни решенија кои пред се ќе го подобрат животот на локалното население, ќе ја подобрат екосостојбата во Центарот но и околината на градот. Писмото ќе го добие градоначалникот Петре Шилегов чија иницијатива е токму проширување на Даме Груев во булеварско решение на сметка на затворање на “Рекорд” и пренамена за пешачка зона. За да го стори тоа ќе мора да исече цел дрворед кој е бели дробови на Центар и ќе треба да дислоцира 500 паркинг места , а овој дел ќе стане нов сообраќаен хаос кој ќе биде под балконот и пред врата на жителите. Во продолжение целото писмо до Градоначалникот:

Total
0
Shares
Поврзани објави