Вчера во родната Италија беше извршен погребот на Пино Секондо, момчето по кое трагаше Македонија и беше најден убиен. Во шума , распаднатото тело на Пино беше единствената трага која доведе до неговата поранешна девојка и нејзин пријател кои се осомничени дека го намамиле и убиле, а потоа телото го фрлиле во шума. Полицијата трагаше се плетеа разни приказни но на крај се дојде до обвинение со кое две лица односно негови најблиски се обвинети за убиство. Се очекува следната седмица кога ќе почне судскиот процес јавно за прв пат да се слушне гласот на девојката која учествуваше во неговото убиство. Момчето кое пукало е во бегство. Неизвесно е дали таа воопшто ќе проговори или ќе се брани со молчење. Мистеријата за причините за вакво планирано и брутално убиство освен љубомора останува неразјаснета.

Веста за неговиот погреб и мисата на објавија негови блиски.

На 5 Ноември, ќе биде последниот поздрав до Пино Секондо во неговото последно живеалиште во родната му татковина Италија.
Ораторијот, на 5 Ноември ќе принесе во накана за покој на душата на Пино, Бдение и приватна Реквиемска Миса на предходно осветените дарови на Свети папа римски Григориј Двоеслов во 9 и 30 наутро.

(Р.Д.)