Пет годишно дете живее и спие во распадната куќа полна со крлежи !

Имавме повик до нашето здружение за заштита на животните ,,Срце за животните – Тиквеш”, па од Кавадарци заминавме во Неготино, каде ни беше посочена локација, од каде требаше да земеме мали кученца.Но, кога стигнавме на адресата, имаше што да видиме. Останавме без зборови од условите во кои преживува едно четиричлено семејство – за ,,Фокус” раскажува Виолета Николова, активистка во здружението.

Ги зедовме кученцата, тој проблем е решен, но не можеме едноставно да ја игнорираме состојбата во која живее ова семејство. Се работи за дете од пет години, неговите мајка и татко (таткото има одредена попреченост), исто и бабата Ленче, и таа е лице со попреченост. Од она што ни го појаснија, тие живеат со државна помош од околу 8.000 денари, во услови под секое ниво. Домот им се распаѓа, имаат некаков проблем со електричната енергија околу фазите, немаат апарати од бела техника, им треба покуќнина, потребно е реновирање и дезинфекција на целиот простор. Дворот, но и внатрешноста на нивниот дом е преполн со крлежи, пет годишно дете спие и живее таму! Мора да се реагира!- појаснува Николова.

Сите кои се во можност можат да донираат на следната сметка Здружение за заштита на животните ,,Срце за животните Тиквеш” – Кавадарци Денарска сметка Уни банка 240260106835040 Со назнака – Донација за семејство Спасови. Исто така, може да се донира и од странство на Срце за животните –Тиквеш IBAN MK07240260106835040 (UNIBANK) SWIFT UIBMMK22XX

сторијата е сопственост на Fokus.mk каде има повеќе детали околу ова семејство Dosie.mk се приклучува кон апелот за помош но и алармира институциите да превземат итни мерки да се спаси ова дете !

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ВИДЕО: Детето ја разбуди мајката и го спаси семејството од пожар, следниот ден им изгоре и плевната – семејство од село Русиново остана без ништо

Откако семејството Воденски од беровското село Русиново го изгуби својот дом во пожар, се запали и нивната штала…