ПАТНИЦИТЕ ВО ПАНИКА, ЈСП ПОТВРДУВА: На автобус му откажаа кочниците среде удолница, па не застанал на ниту една станица (ФОТО)

Утрово автобус со бројот 58 кој тргнал од Добри Дол во правец на транспортен центар изгубил кочници полн со патници, дознава КУРИР.

Автобусот се движел брзо по удолниот пат Сопиште- Припор и не застанал на ниедна постојка, велат сведоците за КУРИР.

Тие додаваат дека сите патници во автобусот биле во паника, но за среќа кочниците почнале да функционираат при крајот на Припор.

Од ЈСП за КУРИР го потврдија настанот додавајќи дека станува збор за технички проблем на возилото МАН чие што црево за воздух од системот за кочење пукнал при возењето.

-На (15.10.2019 година) околу пладне, имало технички проблем со возило МАН кое сообраќало на редовната приградска линија 58 (Транспортен центар- Добри дол). Случајот е регистриран во нашата внатрешна контрола. Возилото кога се вклучило на линија во редовен сообраќај било технички исправно, но, во текот на возењето, пукнало цревото за воздух од системот за кочење. Возачот реагирал присебно, на последна постојка 24 ги замолил патниците да се симнат од автобусот со образложение дека возилото се расипало. Во меѓувреме, било испратено заменско возило, како редовната линија би продолжила да сообраќа непречено, стои во одговорот од ЈСП.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гинекологот од Битола на третиот тест негативен на корона , семејството нема објаснување како пред три дена беше позитивен

Почитувани пациенти, сограѓани и пријатели,Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. По позитивниот…