ОЗДРАВЕВ ОД КОВИД И ДОНИРАВ ПЛАЗМА, СЕКОЈ КОЈ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ, ПОРАЧУВА ДОКТОР БОШКОВСКИ

Лекар од Куманово утрово донираше крвна плазма за болен од ковид 19 од Ресен, кој се лекува во Градската општа болница (ГОБ) „ 8 Септември“ , за кој деновиве по социјалните мрежи се споделуваше пост од неговата сопруга која бараше помош.


Утрово на Клиниката за трансфузиологија дарував крвна плазма, а попладневмо ме известија дека е обработена и пратена во 8 Септември. Се надевам дека ќе му помогне на пациентот од Ресен. Донирав не само затоа што сум лекар, туку и затоа што треба да бидеме хумани и секој ако може да помогне“, вели д-р Мирослав Бошковски за ДОСИЕ.МК, кој работи како матичен лекар во Куманово и специјализира интерна медицина.

Тој раскажува дека бил меѓу првите заболени од Ковид 19 од Куманово и дека откако неговото лекување било успешно, се пријавил на повикот а Министерството за здравство да дарува крв.

Сопругот се бори со вирусот итно му треба крвна плазма од оздравен пациент
Вчера и на социјалните мрежи видов дека се споделува апелот од сопругата на пациентот од Ресен дека се бара крвна плазма со мојата крвна група, но и д-р Калина Гривчева Старделова, претседателката на Лекарска комора, каде и јас сум член ми ги препрати апелот и јас се јавив да донирам. Откако ми ги направија потребните испитувања за дарување и уште еднаш се потврди негативен тест на вирусот утрово бев да донирам, вели д-р Бошковски.

Тој неговото лекување од крајот на март до средината на април го минал на инфективното одделение во болницата во Куманово.


Бев со средно тешка клиничка слика. Се плашев и за себе , но и за моето семејство. Имам повозрасни родители, кои исто така беа заболени. За среќа и јас и тие сме добро и секој кој може да помогне треба тоа да го направи, вели д-р Бошковски.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави