Отворено писмо до Филипче: Опасно е за пациентите да менувате инсулинска терапија поради административни проблеми!

Новиот начин на распределба и препишување на терапија инсулин за дијабетичари донесе проблеми за овие пациенти. Во продолжение писменото обраќање до министерот Венко Филипче од пациентка која ги посочува проблемот и последиците.

Почитуван Министер Филипче

Пред околу шест месеци , одреден број на дијабетичари , претежно млади луѓе кои имаме хронична состјба , дијабетес тип1, бевме поставени на новата терапија Фиасп ( брзоделувачи ) и Тресиба ( базал) инулини . Вие сте лекар и знаете дека инсулинот не е така едоставен лек , па за да еден организам се адаптира на новата терапија , потребни се неколку месеци. Исто така во првите неколку месеци од новата терпија , гликолизираниот хемоглобин , кој е показател каква е регулацијата на гликемијата , секогаш е повисок кај сите дијабетичари . Тоа го тврдам од моето долгогодишно искуство како дијабетичар.
Деновиве слушам , а и самата се уверив дека системот не овозможува веќе да ни се препишуваат двата инсулини заедно , туку требало да си одбереме само еден од новата терапија , додека другиот , да го замениме со некој од старите инсулини . Ве молам , тоа е недозволиво !!!

Како може , кога веќе сме се навикнале на новата терапија , а навикнување значи мерење по 7-8 пати во текот на денот , додавање на корективни дози , одземање , броење на јагленохидрати итн, додека не се утврдат точните единици на инсулин и додека организмот не се стабилизира , па сега треба да менуваме терапија! Тоа би значело повторно шок за организмот .
Не знам што е проблемот . Слушнав различни информации дека проблемот е софтверски , па дека немало доволно средства за инсулини од друга страна , затоа ве молам да се произнесете во врска со овој проблем и во најскоро време да го решите . Ние сме 4000( четири илјади ) дијабетичари со дијабетес тип 1 , од кои околу 500 се деца до 14 годишна возраст , така да децата не се поставени на брзоделувачкиот инсулин Фиасп, затоа што не е препорачлив да нив. Значи станува збор за сосема мал број на дијабетичари поставени на двата инсулини од новата терапија и проблемот ако се сака , може веднаш да се реши..
Мора да се направи една подетална анализа и точно да се определат средствата наменети за инсулинска терапија . Вака , не е во ред им се менуваат инсулините на пациентите , заради административни пропусти .
Исто така беше предвиден и инсулинот Тужео , но сеуште не е дистрибуриан во аптеките .

Ели Секуловска

Total
0
Shares
Поврзани објави