Игуменот на Бигорската Обител, отец Партениј е новиот епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а Бигорскиот Манастир станува епископско седиште.

Синодот на МПЦ-ОА; го избра за владика на денешната седница на предлог на Дебарско-кичевскиот Митрополкт г. Тимотеј.

Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епархиско седиште.

Отец Партениј е четиринаесетиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.