Ослабел 58 килограми кај Жан Митрев

Кога сте млад а имате проблем со прекумерната тежина којшто не само што не можете со години да го решите туку од година во година ескалира, тогаш навистина решение мора да се бара доколку сакате да продолжите со нормален живот. Вака некако ја почнува својата животна приказна еден наш сограѓанин којшто пред две и пол години решил да стави крај на здравствениот и естетски проблем кој се отсликувал во неговите 143 килограми телесна тежина.

– Кога сте во врвот на младоста, неколку години по навршување на полнолетството и имате речиси 150 килограми кои и покрај мојата висина од 187 сантиметри беше забележителен проблем, како од естетска гледна точка исто така и од здравствена. Се потешко се движев и бев опседнат од храна. И покрај неколкуте обиди да избегам соочување со проблемот сепак еден ден решив да ставам крај на сето тоа. Веднаш почнав да барам слични приказни на Интернет и какви решенија се нуделе за нив. Така дојдов до информацијата според која прим. д-р Мане Хаџи-Манчев изведува еден вид операција со која преку поставување на силиконски прстен на желудникот (gastric banding) во голема мера го решава овој се почест проблем кај населението – вели нашиот соговорник.

Тој раскажува дека проблемот го има уште од мали нозе но со текот на времето тој неконтролирано ескалирал. Не било лесно да се одлучи за да дојде на третман но јасно му било дека друго решение за неговата состојба нема. Читајќи ги и животните приказни и искуства на сличните на него коишто се подложиле на ваков третман му влевало доверба и волја да дојде на преглед и да закаже поставување на силиконски прстен на желудникот. По поставувањето на прстенот борбата со прекумерната тежина не завршила туку само што почнала. Тој потенцира дека освен прстенот треба многу голема дисциплина и волја да се успее во мисијата да добие складно и функционално тело.

– Максимално во животот, пред поставување на прстенот, имав 143 килограми а сега по нешто повеќе од две години имам 85 килограми. Со мојата висина имам идеални пропорции. Многу сум задоволен од целата оваа промена. По самата операција, за еден месец симнав 10 килограми по што вратив неколку килограми, додека се стабилизираше целиот метаболизам, и потоа полека континуирано симнував 2 до 3 килограми месечно во зависност од тоа каква храна се внесува во однос на калориите. Да напоменам дека сепак треба да се внимава на исхраната и покрај тоа што го имате наместено прстенот. Прво правило е воопшто да не се консумираат газирани пијалаци, бел леб исто така е да речам забранет, благо колку што е можно да се избегнува. Во однос на самата операција, се помина беспрекорно, го наместив во петок а веќе во недела бев отпуштен од болница и функционирав без никакви проблеми или ограничувања. Од 2016 година од кога ми беше поставен прстенот јас сè уште го носам. Воопшто не ми пречи ни при работа ни при спортување и воопшто не го чувствувам како страно тело. Резултатите зависат од волјата, колку пациентот сака да успее и што сака да постигне. Прстенот стои онолку долго колку што јас ќе одлучам а потоа без никаков проблем може да се извади. Единствено нешто што морав да го направам по драстичното ослабување е отстранувањето на вишок кожа која веќе не беше потребна што исто така помина без никаков проблем – во видно расположение го завршува своето сведочење нашиот соговорник кој кај доктор Манчев по неколку месеци ќе се врати повторно на рутинска контрола.

Статистиката вели дека кога идеалната телесна тежина е поголема од 20% тоа веќе претставува најблаг степен на дебелеење. Вишокот на енергетски материјал е најважен етиогенетски фактор кој доведува до згоеност. Во повеќе од 95% од случаите претераното внесување на високо калорична храна којашто е поголема од енергетската потреба на организмот е причина за екстремна згоеност.

Што претставува gastric banding?

Gastric banding претставува силиконски прстен кој се поставува на самиот влез на желудникот со што го дели желудникот на два дела, горен помал и долен поголем дел коишто меѓусебно комуницираат.

Како функционира тој и што се постигнува со неговото поставување?

Со поставување на овој силиконски прстен доаѓа до намалување на апетитот. Со поделбата на желудникот кога пациентот зема храна горниот дел на желудникот брзо се полни и се чувствува ситост со што треба да се престане внесувањето храна.

Поставувањето на ваков силиконски прстен е поврзано и со возраста. Имено, тој се поставува на пациенти од 18 до 60 години. За да може да се пристапи кон оваа процедура потребно е BMI од 40 кг/м квадратен а доколку има коморбидитети (хипертензија, хипехолестермија, диабетес мелитус, sleep apnea) тогаш може да се стави силиконски прстен и на BMI од 35 кг/м квадратен. Оваа метода се изведува исклучиво лапароскопски со тоа што се прават четири отвора на абдоминалниот ѕид преку кои се изведува целокупната интервенција со специјални инструменти. Оперативното време за оваа интервенција во просек изнесува околу 45 минути. На овој начин пациентите не се задржуваат во болница подолго време туку на вториот постоперативен ден ја напуштаат болницата.

Силиконскиот прстен може да се извади доколку постои потреба за тоа. Оваа метода во светот, а сега веќе и во Zan Mitrev Clinic, се изведува подолго време при што резултатите се евидентни и претставува метода на избор за оперативна интервенција за слабеење.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео – Младиот штипјанец Вили Илјов којшто на 29 август беше примен на бесплатно болничко лекување во Жан Митрев Клиника, денеска си оди дома

Младиот штипјанец Вили Илјов којшто на 29 август беше примен на бесплатно болничко лекување во Жан Митрев Клиника,…