Општина Струмица прави споменици на жртви на пожар, ама бара и помали плати за пожарникарите!

На денешен ден пред седум години се случи пожарот во близина на Струмица во кој загинаа Стојанов Пено,Стојков Блажо,Ѓергиев Мите и Гркљанов Војо ,кои во обидот да го изгаснат пожарот за да не дојде до опожарување на куќи во стариот дел од градот, ги изгубија своите животи. Денес, Струмица и цела Македонија со горчина во душата се потсетува на овој настан во кој платија за жал со своите животи во настан кој остана нејасен. Струмица се сеќава на нив и денес со полагање цвеќе пред споменикот на загинатите беше одбележана седум годишнината од овој трагичен настан.

Пред присутните граѓани и членови на семејствата на загинатите зборуваше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

-Храброста и беспоштедната борба со пламените јазици, за жал, беше платена со четири жртви и десетина повредени. Се случи трагедијата каква што нашиот град не памети. Имињата на загинатите ќе останат засекогаш врежани во нашите тажни сеќавања, како симбол на човековата храброст. Тие, и покрај прераното заминување од овој свет, остануваат бесмртни во струмичкиот споменар, рече градоначалникот Јаневски.

Во чест на загинатите Општина Струмица подигна споменик, дело на рускиот скулптор Глигориј Потоцки.

И се би било во ред доколку тоа и така го мислат и чувствуваат луѓето од општината Струмица кои овие луѓе ги нарекува херои.

Но не може човек да остане рамнодушен на постапките кои ги превзема администрацијата на општина Струмица која не можејќи и не знаејќи како да се справи со потребите т.е. правата на вработените во противпожарната единица во Струмица (херои со полно работно време) за кои надлежните судови утврдиле дека треба да се направат корекции во платите кои им следуваат за опасност при работа за што неколку пати Досие.мк пишуваше, таа администрација веќе по втор пат од надлежните институции во државата бара да се направи корекција во Законот за пожарникарство со што би се избришала оваа ставка која после долги години низ правните лавиринти пожарникарите успеаја да ја добијат барем како пресуда.

дел од документацијата на Општина Струмица

Одбележувањето на денот на жртвите и истовремено нерешавање на статусот на пожарникарите и целокупната пожарникарска служба во државата пред очите на јавноста претставува негрижа на институциите истите оние кои положуваат цвеќе на споменик на жртви, а несаканите настани можеби и можело да се спречат.