Општина Прилеп вработува пожарникари, услов средно економско?

Пред неколку дена Општина Прилеп објави јавен оглас за вработување на 5 пожарникари. Ништо чудно се додека не се прочита дека се бара пожарникарот да има средно образование и тоа економски техничар.

Според огласот кој е објавен на веб страната на Агенцијата за вработување кандидатите “потребно е да имаат работно искуство од 1 година, а основната плата изнесува 16,077 денари. Кандидатите исто така потребно е да имаат средно стручно образование, односно четврт степен ЕКОНОМСКИ техничар”.

Ако се анализира огласот со постоечкиот Закон за пожарникарство заклучокот е дека истиот не е во корелација со предвидената законска регулатива и тоа во неколку дела.

Прво кај занимање треба да стои пожарникар спасител тоа е ниво В4 според класификацијата на работни места според законот за пожарникарство член 11 б став 14 кој гласи – за нивото В4 со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработувањена Република Македонија како работен стаж.
Додека во самиот оглас стрикно е наведено работно искуство од 1 год.

Второ и најважното кај потребно образование стои дека треба да има средно стручно образование IV степен економски техничар што е спротивно на Законот за пожарникарство член 11б кој ги објаснува стручните квалификации што треба да бидат исполети и тоа :

а) стручни квалификации и тоа:

– за сите нивоа од категорија В ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.

Законот за пожарникарство никаде не пропишува какво посебно средно образование да поседуваат апликантите за работа како што е направено во објавениов оглас , што создава сомнеж дека со истиот се фаворизира одредена група односно како во случајов се фаворизираат оние кои имаат завршено економско училиште .

Се поставува прашањето дали на општина Прилеп и се потребни пожарникари економисти иако треба да се знае дека вработениот според член 11 став 14 од Законот за пожарникарство има обврска во рок од една година да се стекне со сертификат за пожарникар.Членот 11 став 14 гласи:

“Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден
од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето”.

Проблемите за пожарникарите и пожарникарството немаат крај, стручната општинска администрација или не знае да распише јавен оглас за прием на нови пожарникари или тоа го прави на начин да фаворизира одредени групи граѓани да стигнат побрзо до работа.

Градоначалниците треба да имаат на ум дека можеби еден ден и тие ќе имаат потреба од пожарникарите , но тогаш ќе ви биде касно да се каење за грешките и за се што можело, а не е направено за оваа хумана и опасна професија.

Total
0
Shares
Поврзани објави