Одземено детето од родителот кој го тепаше!

Откако сношти  Досие објави видео на кое се гледа маж кој тепа дете денеска институциите експресно реагираа и му го одзедоа тепаното дете и уште едно.

– Во врска со случајот со видеото што се ширеше на социјалните мрежи ве информираме дека Центарот за социјални работи во Свети Николе веднаш постапи по случајот. Врз основа на сознанија за груба злоупотреба и занемарување на децата од страна на родителите, а во најдобар интерес на децата, Центарот за социјални работи Свети Николе донесе решение со кое привремено им ги одзеде двете деца на семејството – потврдија од Минитерството за труд и социјална политика.

Видеото беше објавено од момче кое било сведок на настанот. Тој го сподели но социјалната мрежа ФБ го избриша. И порталот Досие го сподели преку својот видео канал но и таму беше избришано. Видеото потоа масовно почна да се шири на социјалните мрежи со жестоки напади и укажувања дека ова семејство е дисфункционално и апели дека државата мора да се погрижи за овие деца. Сведоштвата на социјалните мрежи се стравични  и одат дотаму дека сопружниците ги искористуваат децата за пари па дури и барале донации за да им купат пелени. Кога некој немало да им угоди настанувала кавга и навреди. Некои од големите хуманитарни здруженија се огласија дека ова семејство навистина има проблем оти и нивна помош злоупотребиле.

На видеото мажот кој го тепа детето не е татко, туку очув. Со жената која седи до него и не реагира имаат уште едно дете. Таа има и претходен маж со кој неофицијално има уште едно дете.

Сега за децата ќе се грижи старател и тие ќе бидат соодветно згрижени. На несовесните родители ќе им се одземе родителското право , а а очувот има предлог за изрекување приверемени мерки за заштита од семејно насилство.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(Фото) Актерката Милица Стојанова се вакцинираше: Не сакам да гледам уште една војна со невидливото

Познатата македонска актерката Милица Стојанова се вакцинираше против Ковид-19. “Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот…