„Од срце и душа за Давид“ – вечерва во дискотека Соул во Градски парк

Голема хуманитарна забава – „Од срце и душа за Давид“ вечерва во 20 часот, во дискотеката СОУЛ во Градски парк. Хуманитарната организација „Свети Спас“ – Скопје, организира голема ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА под мотото „ОД СРЦЕ И ДУША ЗА ДАВИД“ Давид Исоски е 16 годишно момче кое боледува од Нон Хочкинс, агресивен канцер на лимфните жлезди. За да може да ја победи оваа подмолна болест, тој мора да се лекува во Виена, Австрија, но потребни се речиси 40.000 евра. Тој веќе беше на еден третман кој се покажа како успешен, но борбата сеуште не е завршена. Хуманитарната организација „Свети Спас“ се вклучи во борбата за спас на животот на Давид и Ве повикуваме сите Вас да земете учество и да му овозможиме долг и успешен живот. Со таа цел, нашата хуманитарна организација организира ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА на вечерва во дискотеката СОУЛ во Градски парк.

Свој придонес ќе дадат и нашите хуманисти:

1. DJ Mats – Marjan Mats Petrovski

2. Андријана Јаневска

3. Кристина Петровски Арнаудова

4.Трио Џентлменс

5. Марјан Стојановски

6. Антонија Гиговска

7. Александар Тарабунов

8. Лина Пејковска

9. Бени и Нон Стоп

10. Елена Петреска

11. Даниел Дан

12. Филип Пешевски

Влезот е слободен, а секој кој ќе сака, ќе може да донира во кутиите за донација. На забавата ќе присуствува и Давид кој ќе дојде за да ви се заблагодари лично. Дали оваа сума ќе ја собереме и дали Давид ќе замине на лекување во Виена од нас зависи. Тој се бори храбро и не се откажува, но да се бориме и ние заедно со него!!!

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ристиќ: “Ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест”

„Ирена, а и јас, секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени…