Активистката за правата на лицата со попреченост Бранкица Димитровска, заедно со други лица со попреченост, родители на деца со попреченост и останати социјално маргинализирани групи на граѓани, преку независна листа на претстојните вонредни парламентарни избори ќе ја бараат поддршката на граѓаните во нивната долгогодишна борба за нивните права кои што со децении беа маргинализирани од државата и сите релевантни политички фактори.

Потпистите се собираат кај нотарите (види фото) и за тоа не се налатува ништо. Доволно е да се помине кај нотарот само со лична карта.

Независната листа преку која ќе настапи Димитровска ќе ги бара гласовите на граѓаните под мотото: „Ништо за нас без нас!“

„Политичката партиципација е еден од главните патишта преку кој лицата со попреченост можат најефективно и најефикасно да ја постигнат својата еднаквост. Учеството во донесувањето одлуки се смета за фундамент кон остварувањето на човековите права за лицата со попреченост. Имено, овој пристап може да биде значајна алатка во артикулирањето на гласот на лицата со попреченост, зголемување на нашата видливост, препознавање на нашиот идентитет, како колектив, и тоа не само во изборниот процес, туку и пошироко.Ефективното политичко учество на лицата со попреченост во процесот на донесување одлуки во државата, Во контекст на правото на политичко учество и според меѓународните стандарди за човекови права,политичкото учество (пристап до процесот на донесување одлуки и целосно учество во него), е клучен елемент за реализирање и заштита на правата на лицата со попреченост.
Во услови кога светот се соочува со пандемија предизвикана од вирусот КОВИД 19, кој не ја изостави и нашата држава на политчката сцена ни престојат одложените парламентарни избори каде што политичките партији излегоа со свои листи за кандидати каде нема ниту едно лице со попреченост.
Одлука да се оди под заедничко мото:НИШТО ЗА НАС БЕЗ НАС! ги обедини Лицата со попреченост да преку независна листа,како независни кандидати во секоја изборна единица имаат свој преставник.
ЕДНОСТОВНО,треба да отидеме до нотарска канцеларија и да го дадеме нашиот потпис ВИ БЛАГОДАРАМ“, повикува Бранкица Димитровска, активист за правата на лицата со попреченост.

листа на нотари