Неколку момчиња ја пронајдоа Наташа, пренесена е во болница

Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше од вчера. Веста за ,,Фокус” ја потврдија нејзини роднини, кои без престан по лоши временски услови трагаа по девојчето.

-Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа – вели близок роднина на девојчето.


Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг.

Роднините со неколку полицајци ја бараа среде невремето, и апелираа за помош од надлежните институции. Пребаруваа околу Гоцевата шума во Кочани, околу Гратче, во многу лоши временски услови.

Во потрагата по девојчето не беа вклучени ниту хеликоптер, ниту пак дрон.

Fokus

Total
0
Shares
Поврзани објави