Не се израдував на првата пензија , ја зеде извршител

“Пред година дена добив пензија, старосна ,од 6867 денари, но не успеав да ја земам ми ја зеде извршител.

Oд 6-те илјади ми остануваат 1600 денари за живот , што да јадам што да дадам на внуците . Немам ни за смоки да им купам”,зборува вртејќи куп документи в раце скопјанецот Јосиф Цветковски кој со години води борба со судовите и извршителите и никако да ја истера правдата. Секојдневно е на релација суд , извршител, нотар, адвокат, но од сите добива ист одговор. “Треба па дадеш пари”. Сите признааваат грeшки во системот грешки на судиите, грешки на извршителите, но никој не помога. Јосиф тропнал на сите врати, оди на протести, се обидува да сврзе крај со крај со сопругата која е инвалид. Го мачи и тоа што и таа со тешка операција на ногата од која се уште се опоравува мора да оди на работа да донесе некој денар дома.
“Извршител ми зема пари за долг што го немам за парно греење. Ниту сум имал, ниту сум користел парно, ниту пак имам некаков договор со нив. Едноставно претходната власт смисли начин како да ни земе од џебот и да плаќам за нешто што го немам ,ниту користам” , појаснува Цветковски. Добил сметки не ги платил, Топлификација БЕГ го тужат и судот досудува во корист на фирмата. Цветковски кој е еден од илјадниците скопјани кои имаат судски процеси за парно греење кое не го користат, добива пресуда да плати долг, камати, адвокати судски трошоци па на крај и извршител. Се обидува да се жали на повисоките судови, но извршителите си ја завршуваат работата и со првиот прихот кој му доаѓа на сметка го наплаќаат долгот.
Цветковски се обидува да добие олеснување во плаќање барем на судските тошоци. Поднесол барање до Основниоу суд 2 да биде ослободен од плаќање судски такси од 1200 денари со образложение дека од пензијата од која му остануваат 1600 денари нема средства да ги плати. Судот го одбива иако во решението го цитира Законот за парнична постапка кој во член 163 предвидува ослободување од плаќање судски такси за лица кои се во тешка материјална состојба, издржуваат семејство и членови на семејство. Но доказите за тоа колку останува од неговата пензија и лекарското досие на сопругата не се доволни за судот да му ги отпише судските такси.
Но маките на Цветковски не застануваат тука. За чудното решение на Водовод и извршителите, моја приказна во петок продолжува.

Total
0
Shares
Поврзани објави