Илинка Арсовска жената околу која имаше вистинска драма да и се олесни болката , болеста и лекувањето по преживеан масивен мозочен удар ,мајката на 11 годишниот Марко – детето кое гази река  и преминува граница за да оди на училиште, сношти не издржа почина.

Додека детето одеше преку реката на училиште неговата млада мајка се бореше за живот во болница во Скопје. Стана актуелна по објавено видео дека лежи во болничка соба во која ја лазат муви, а по интервенција на хуманисти беше згрижена и во приватна болница. Но и покрај се нејзиното срце на 44 годишна возраст не издржа.

Почина во дом за болни луѓе каде мораше да биде префлена оти не можеше да опстојува во домашни услови. Ниту децата ниту сопругот можеа да и пружат соодветна нега особено на раната која и се направи од лежењето на Клиника. Во болница во Куманово и покрај тешкиот мозочен удар немаше соодветна терапија , по што ја згрижи приватна болница. Но домашните услови сепак го направија своето. Државата ја одби за неколку парични додатоци.

И последните денови за семејството се пекол. На сопругот и покрај сиромаштијата за да биде Илинка однесена и подготвена за погреб му биле наплатени 250 евра , кои дел најверојатно ќе може да ги рефундира. Но сепак сопругот останува сам и му е потребна помош за децата за Марко , за него. Поради хендикепот не е способен сам да обезбеди леб за децата.

Семејството на Илинка живее во трошна куќа во кое нема купатило. Освен Марко, таа ги има и Милош и Дарко кој е болен од церебрална парализа. Таткото, сопругот е со хендикеп. Најстарото дете не оди на училиште оти немаат средства да платат.

Приказната на Илинка приказната на едно семејство ја виде јавноста по приказната за Марко. Што се пишуваше за него?

Марко Арсовски од селото Горни Старац, Општина Бујановац, Србија, шест години оди на училиште во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, затоа што нема школо во своето село. На реката Пчиња нема мост, па секое утро и пладне, сам или со помош на своите родители ја гази водата

„Станувам наутро најдоцна до 6 часот. Ако не е голема реката, поминувам брзо и излегувам на патот каде го чекам училишното комбе. Ако е надојдена водата, морам да заобиколувам околу 1,5 километар по козји патеки за да излезам подолу на патот. Кога е топло газам и бос, проблем ми е во зима, морам да облечем гумени чизми, па да ги собујам кога ќе ја поминам реката, да внимавам да не ги наводенам нозете. Некогаш кога немам време или ќе задоцнам, татко ми или брат ми на грб ме носат преку река или со трактор“, раскажа лани Марко.

Голем проблем е што немаат мост безбедно да ја минуваат реката. Маката ги терала повеќепати да прават импровизирано мовче, кое траело до првото надоаѓање на водата. Брат му Милош го носел на грб за да ја поминат реката но се случило да се сопне и двајцата да паднат во водата.

Но семејството едноставно не може да се оттргни од трагедиите, мајката доживува удар, ја носат по болници и на крај не издржа. Децата остануваат сами да се снаоѓаат не само преку реката туку и преку секојдневието на тешкото битисување.

Кристина Мачкиќ

фото : sdk.mk