Скопско основно училиште е мета на постојани напади од крадци кои им ја крадат опремата на децата и опремата на училиштето. Надлежните постојано ја алармираат полицијата но крадците не се откриени. Во училиштето се сомневаат дека крадењата се наместени и исценирани оти директорката е партиски поставена од претходно оштинско раководство.
Засега dosie.mk нема да го открива името на училиштето додека тужбата не биде поднесена и не стигне официјален став од училиштето и полицијата. Училиштето е во скопскта населба Карпош.
Пред десетина дена бил регистриран и голем инцидент кога родител дошол во училиштето и натепал туѓо дете кое го тепало неговото. Интервенирала полицијата, но кавгата не престанала па и родителите меѓу себе се степале.
Но најдебелиот крај на препукувањата сепак го трпат децата. Пред само една седмица била регистрирана последната кражба кога од училиштето биле украдени ранци и лап топ компјутери. Ваква кражба се случува втор пат во истото училиште за само кратко време, велат нашите соговорници. Училиштето иако има сопствено обезбедување сепак постојано наставниците реагираат на тепачки меѓу децата и се приморани да повикуваат полиција, кој апак овие инциденти не ги регистрира во дневните билтени.
Дека кражбите во училиштето се сомнителни упатува и начинот на кој се извршени како последната кога крадците влегле преку отворен прозор во една од училниците.
Поголема група родители најавуваат тужба за училиштето , која нема да биде прва.
Поврзани објави
Три години бил на листа за трансплантација, пациентот кој вчера доби ново срце
Пациентот кој вчера го доби срцето од дарителот,од чии органи без спасени уште тројца пациенти, пет години боледувал…
Видео: Елена Лука: Не сум јас болната патничка од Италија која го донесе корона вирусот
По објавувањето на модната дизајнерка и жена од бизнисот Елена Лука дека е патничката која е болна од…
ФОТО: Бетмен, Спајдрмен и Супермен на Детска клиника
Суперхероите претпразнично ги посетија децата-пациенти на Клиниката за детски болести во Скопје и измамија бесценети насмевки! Иницијативата која…
Хуманитарците и Отец Оливер ќе ја реновираат куќата на синот и мајката од Велес кои живееа во ужас
Хуманитарната организација на МПЦ – ОА – СВ. Спас и Отец Оливер денеска пред сите институции кои поминаа…