На девојката која остана без струја ЕВН експресно и пушти елекртична енергија

По објавата на сторијата на Досие дека девојка со посебни потреби остана без струја во најстудените денови од ЕВН експресно реагираа и сега таа може да седи дома во топла посторија и да се грее со клима. Поради технички причини со добивање документација за соодветната парична помош која ја добива од државата девојката не можеше на време да плати две поголеми сметки. Порати тоа се насобрал долг од 4000 денари, а девојката чека да добие 3800 денари месечен надомест од државата. ЕВН ја исклучи , и таа остана во невозможни услови но најладните денови.

По добивањето на информацијата од ЕВН веднаш реагираа и без никаков проблем и надомест ја пуштија струјата кај девојката. Од таму појаснуваат дека ислкучувањето на струја е системско прашање бидејќи ЕВН нема евиденција на социјално загрозени лица туку само број на корисник кој е наведен на секоја сметка.

Блиските кои и помагаат на девојката која нема родители и роднини, а е во тешка здраствена состојба успеале да соберат пари за сметките кои ќе бидат платени но воедно се многу благодарни до ЕВН кои излегоа во пресрет и помогнаа девојката да не премрзне овие денови.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина дресерот Ристе од Велес, неговата последна порака од болница е до оние кое не веруваат во вакцина и ковид

Во велешката болница на инфективното одделение утринава на 54-годишна возраст по чина велешанецот Ристе Гиовски, сопственик на стационарот…