Може да звучи нестварно но на детенце при детска игра му бил поставен шилест молив на столот по што тој го наседнал и моливот ја пробил облеката и се зарил во задниот дел на бутот.

Родителите барале помош во неколку болници но никој не им го решил проблемот. По два месеца талкање низ здравствениот систем се обратиле во Жан Митрев Клиник.

Детето имало среќа и без посериозни компликации моливот бил изваден. Повредите можеле да бидат големи и со трајни последици доколку моливот го повредел ректумот на детето по што компликациите би биле далекусежни.

Едноставно, внимавајте, детска игра често може да заврши и во болница па онаа народната „Од играчка – плачка“ да биде реален опис на состојбата, порачуваат од болницата.

извор – фото : Zan Mitrev Clinic