Во организација на група младинци од Охрид, синоќа на летната сцена Долни Сарај се одржа хуманитарно YouTube шоу за помош на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо на кого по трет пат му е потребна операција, за да ја победи тешката болест.

Капацитетот на гледалиштето беше ограничен на 300 посетители, а настанот се одржа според сите протоколи за заштита од коронавирусот.

Тачо се бори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се многу средства.  

На Тачо итно му е потребна соодветна терапија која чини околу 20 000 евра.

Број за донации: 143 133 „Т-mobile“.

Жиро сметка за донации: 500600018999581 – Ристо Целески АД „СТОПАНСКА БАНКА

ohridnews