24. јули 2019. / 20:37

Млада жена живее да не преживее, чувањето кучиња ја спасува од најлошото!

Млада жена до пред 8 – 9 години имала нормален живот. Самохрана мајка со факултет , со работа , полна елан, со син убавец и живее , работи и создава за детето кое и е се во животот. Починуваат родителите еден по друг , останува сама на себе , ама животот оди понатаму.

И животот оди некако , се до еден момент кога доаѓа дома и и ја соопштуваат најлошата вест, дека нејзниот син единец на 18 години си го одзел животот. Нејзиното се веќе го нема. Зарем на мајка и вреди животот после ова?

Од тогаш животот и застанува и почнува да животари во агонија од болка. Неверување, смообвинување, самоуништување, прашања каде згрешив, плач и лелек. Со години лекови, од гробишта дома , осаменост, немаштија. Ја оставаат сите еден по еден, нема повеќе пријатели, нема никој. Не гледа причина зошто да живее и посегнува по својот живот, но не успеала. Вели “плачев додека умирав зошто знаев дека е грев, сега вака само се молам да ме фати некоја тешка болест да умрам побрзо”. Секој ден се моли да умри, да не се разбуди оти нема зошто да живее.

Осум години не е излезена од дома. Единствено нешто што ја буди изутрина е чувањето кучиња. Од време на време добива по некое кутре за чување кои и се единствена утеха после толку години. Кучињата го уништиле мебелот но само тие и даваат љубов и и прават друштво. Живее за да се разбуди оти треба да нахрани некое куче. Само тоа ја одржува и ја враќа во живот.

Тоа и е и единствената егзистенција. Помош нема, социјално не прима , има долгови , фрижидер расипан и празен. Станот е празен исто како што и е и душата.

На оваа жена кучињата и помогнаа да се буди секое утро со мислата дека треба некого на нахрани , а ние да помогнеме со мебел шпорет, тв , двосед, тросед, тепих, се што може кој колку може. Материјалното нема да ја излечи болката, но барем достоинствено да живее и се почесто да има ронка насмевка на нејзиното лице кое едвај може да се каже насмевка. Солзите никогаш нема да и престанат, но ние сме одговорни да и подадеме рака.

Помош може да се донира преку здружението

Здружение на граѓани “Стопли Срце”

Сметка за донации: 270072685480143

IBAN: MK07270722000030435

HALKBANK

Информации на телефон 075235639

Најнови видеа