Министерката Царовска одби да даде парична награда на основец првак во математика

Одмоодделенецот Дамјан од Штип и неговиот наставник иако се прваци во Македонија на сите натпревари по математика не може да добијат парична награда оти прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка. Иако се натпреварува со средношколци и е најдобар министерството не прави отспака да го награди и да му даде парична награда.

ВАКВО НЕШТО ИМА САМО КАЈ НАС…Сеќавате ли се на штипскио Питагора, на детето чудо?Н

ашта штипска, македонска гордост шо ни ги топлеше срцата со неговите подвизи.

Дамјан, уште од најниските одделенија се натпреваруваше со ученици неколку генерации поголеми од него и убедливо со максимален број на поени секогаш беше прв на натпреварите по Математика. Иако е осмо одделение, тој се натпреварува со средношколци и таму е убедливо прв со максимален број на поени.

Решението на министерството

НАЈБИТНОТО:Наместо ваквите чуда од деца, носители на медали од математички олимпијади да ги мотивираме, како би останале у државата, случува се невиден циркус. Имено во решението (видете сликата), Дамјан, не го следува парична награда од причина шо е основец, а е државен првак по Математика у конкуренција на средните школи. Да потсетам дека Дамјан сеа е осмо одд.

ДАМЈАН ДАВКОВ, ТИ СИ НАША ГОРДОСТ!!!

извор Штипска идила

К.М.

Total
0
Shares
Поврзани објави