Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот во заминување Зоран Заев во Владата пред новинарите откри дека за Нова година ќе прославува во домот на другар од детството. Мицкоски рече дека ќе биде во поголемо друштво другари со семејствата.

По него изјава пред Владата даде и премиерот Заев. Два дена пред да ја напушти премиерската функција, Заев ќе прославува во Германија, исто така, кај другар, со сопругата и децата.