Наташа Апостолска од Тетово денеска ги „запали“ социјалните мрежи, откако на Твитер објави дека лицето кое во сообраќајна несреќа удри во моторот на нејзиниот сопругот му е изречена условна казна.

Во таа сообраќајна несреќа сопругот на Наташа почина, таа го изгуби бебето, а и ѝ се нанесени тешки телесни повреди.

Станува збор за сообраќајната несреќа која пред две години се случи кај Млечен ресторан во Скопје.

Апостолоска, исто така на Твитер информираше дека обвинетиот не се појавил да ја слушне казната, при што според Наташа, тој излегол жртвата на крајот од целата постапка.

Фото: Твитер/Апостолска