Приказната за последната одгледувачка на диви пчели , Атиџе, од селото Бекирлија, ја однесе Македонија во центарот на филмските остварувања .

По долго и неизвесно очекување, големиот број на награди и признанија, македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој минатата година беше апсолутен светски филмски хит, го достигна врвот, освојувајќи две номинации за Оскар , за најдобар документарен филм, и најдобар странски филм, и се запиша со златни букви во историјата на македонската кинематографија.

Американската филмска академија денес ги соопшти номинациите за 92те оскари , кои како никогаш досега не се следеле во македонската историја.

Вниманието на целата јавност беше насочено кон објавувањето на номинираните филмови , и влезот на Медена земја во финалниот круг.

Актерите Џон Џо и Ајса Рае ги соопштија имињата на номинираните филмови , во 24 категориии , кои на 9ти Февруари ќе ја истрчаат последната трка и ќе се борат за златната статуетка.