Маж измамник во Струга собира податоци од девојчиња

Граѓани од Струга деновиве по социјалните мрежи апелриарат надлежните да го пронајдат непознатиот маж кој лажно се претставува, ограбува и им зема лични податоци најчесто на девојиња. Според кажувањата на стружани човекот се претсетавува дека е американец. Зборува англиски, меѓутоа со недоволно убедлив американски нагласок, велат оние кои веќе го виделе.
Им приоѓа на девојчиња (обично ако се сами), велејќи дека е ограбен и му требаат пари за да стигне до Скопје. Притоа им бара лични податоци, со намера да ги врати парите кои ги позајмил од нив (за тие што му помогнале). И така доаѓа до нивни лични информации.
Според оние кои имале можност да го видат низа чаршија човекот иако тврди дека е ограбен воопшто не делува таков, и затоа најчесто жртви му се млади девојчиња или постари лица. Тие што го виделе велат дека е висок над метеар и шеесетина сантиметри, има сини очи и е постар од 40 тина години.
Многумина го виделе но никој до сега не го пријавил во полција. Некои дури тврдат дек е локален коцкар кој на тој нашин доаѓа до пари за коцкање.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео: Како се трансплантираше срцето на Емилија, како работеше медицинскиот тим предводен од кардилогот д-р Сашко Јовев

По успешната трансплантација Иван утринава се рабуди со новото срце. Сега следува најважниот период од неговото закрепнување дали…