Малолетници сечат гуми на автомобили во Лазарополе, полицијата молчи

Сопственици на викенд куќи во Лазрополе се жалат дека малолетници за кои полицијата е информирана сечат гуми на автомобили и крадат дрва за огрев од шупите на куќите.

Ваков инцидент се слил и викендов кога друштво викендаши заминале во својата куќа во селото. Празникот го поминале весело со песна и музика и гости кои прв пат дошле во Лазарополе. Но синоќа тие биле вознемирени од насилници кои влегле во нивниот двор.

Се случи инцидент од “непознат сторител”, кој среде ноќ упадна во нашиот двор и без посебна причина одлучи со нож да ги пресече гумите на возилата на нашите гости.Така,престојот на нашите гости стана драматичен,а нашиот престој во Лазарополе-неспокоен.Се прашувам дали вредеше овој неумесен чин на насилство,за оној кој внесе немир,лутина и револт кај нас,а остави лош впечаток и слика кај нашите пријатели?И што се случи со нашето мирно Лазарополе,во кое ние сите се чувствувавме безбедни,наоѓајки го својот духовен мир и спокојство?, сведочат викендашите.

Случајот е пријавен во полиција од каде според локалното население знаат кои се насилниците и дека се работи за малолетници. Оправданието на оние кои реагирале дека поведението на малолетниците треба да се санкционира , нивните роднини одговарале па деца се тоа. Се работи за малолетници од Долно маало кај игралиштето, тврдат мештаните.

Населението реагирало бидејки истите сторители влегувале во дворови и од шупите на куќите краделе дрва.

Лоланото население и сопствениците на викендиците бараат полицијата соодветно да реагира а не само да ги регистрира случаите.

Total
0
Shares
Поврзани објави