Македонска балерина стана дел од ансамблот на театарот „Бољшој“

Стефанија Гаштарска е првата македонска балерина вработена во московскиот театар „Бољшој“.

На сцената на театарот 18-годишната Стефанија Гаштарска го имаше своето деби пред две години кога настапи во улогата на принцезата Аурора во балетот „Заспаната убавица“.

Гаштарска има завршено основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а средно музичко училиште во Русија. Стефанија е првата македонска балерина која своето образование го заврши на престижната  балетска академија „Бољшој“ со најдобри оценки.

Total
0
Shares
Поврзани објави