Мајката Шерифе бара помош за лекување на болниот син

Мајката Шерифе најдобро ја отсликува блузата која ја носи. Таа е и маж и жена во домот. Нејзиниот сопруг починал пред 7 години. Како тоа да не било доволно, починала и нејзината 30 годишна ќерка. А за да биде болката уште поголема и нејзиниот единствен син е болен, известува Телевизијата ТВ21.

Лекарите велат дека бубрезите му се оштетени и полни со вода, и треба да се прати во странство за лекување. Кога зборува за нејзините маки мајка Шерифе не може да ги запира солзите.

„Додека ме носат нозете, ќе се грижам за синот за да го видам и него на нозе, ништо друго не сакам. Би спиела и на улица, само да го видам синот како оди како другарите. Со солзи ги имам пораснато.“, изјавила за ТВ21 Шерифе Шабедини.

За да ги купи потребните лекови за синот, таа продава баклава на скопскиот пазар.

„Сега за сега ништо не работам. Зготвив 2-3 баклави и ги продадов. Купив прехранбени производи. Не успеав да ги соберам парите за болницата. Не знам што ќе направам.“, се жали таа.

Мајка Шерифе бара да се собираат пари за да може да го испрати синот на лекување во странство. Семејството живее под кирија во центарот на Скопје. Освен семејната пензија немаат никакви други приходи, а целата пензија им оди за киријата.

Телефонски број: 070-838-709

Total
0
Shares
Поврзани објави