Мајката на момчето кое загина во пожарот зад „Рамстор“ бара помош, две години живее без вода

25-годишниот Мартин Сиљанов, кој загина во пожарот што изби во сервис за мопеди позади трговскиот центар „Рамстор“, зад себе остави мајка која е инвалид и која живее во трошна барака пред распаѓање, пишува неделникот Фокус. Нејзиниот живот го следат трагедии уште од рана возраст. Како дете била прегазена од војнички камион во Скопје, по што останала инвалид. На 28-декември го загуби својот син Мартин, по што останува да живее во барака во скопската населба Ченто, со својот друг син, но со ограничени примања.

И покрај тоа што е неподвижна до сега не и е одобрена инвалидска пензија. Живее од социјалната помош за куќна нега и од платата на нејзиниот втор син Влатко, кој е пријавен на минималец.

-Вкупните месечни примања од кои живеат не надминуваат 15.000 денари – велат пријатели на семејството.

Најголемиот проблем сепак е тоа што немаат вода. Веќе две години не протекла ни капка вода од нивните чешми. Пријателите апелирале, пишувале писма до властите, се обратиле и до јавното претпријатие „Водовод и канализација“, но проблемот останал нерешен. Целата сторија на Фокус продолжува тука.

Total
0
Shares
Поврзани објави