Мајката на малата Бисера со благослов за сите кои и го спасија бебето

По доаѓањето дома во родниот Прилеп Александра Алексоска мајката на бебето Бисера кое по долго и тешко боледување во добра здраствена состојба денес беше пуштено од Клиниката Жан Митрев, објави слика од бебети и напиша:

Добар ден, добри луѓе… што да кажам? Од каде да почнам? Дома сме!…и вие сте причината за тоа. Едно семејство усреќивте. На едно бебенце му помогнавте. Среќата… па не можам ни јас сеуште да ја објаснам. Не знам дали можите да замислите… цели 8 месеци… Кога се изгледаше недостижно, страшно, невозможно, вие верувавте во нас и не поддржавте. Најголема благодарност до сите вас што верувавте во нас! Огромна благодарност до Клиниката Жан Митрев пред сѐ за нивната грижа и љубов кон нашата Бисера, а потоа сѐ останато..апсолутно сѐ . Исто така сакаме да им се заблагодариме на одделот Интензивна нега на Детска клиника кои беа во најтешките моменти со нашата Бисера и дадоа сѐ од себе за да стигниме до вистинскиот пат. Ви благодариме за донациите кои го овозможија закрепнувањето на Бисера. Златни луѓе. Здрави и живи да ми сте сите. Но најголема благодарност до нашите семејства, за нивната најголема поддршка, разбирање, љубов. Ве сакаме. Ќе продолжиме да се бориме. Ќе продолжиме да му се радуваме на животот кој ни е подарен од Бога. Бисера е дома. Имаме долг и тежок пат пред нас, но со Господ напред, секогаш е полесно кога сме заедно. Поздрав од Мама, тато и Бисера! 🥰

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гинекологот од Битола на третиот тест негативен на корона , семејството нема објаснување како пред три дена беше позитивен

Почитувани пациенти, сограѓани и пријатели,Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. По позитивниот…
Повеќе

Нотарски потпис, лична карта и не се плаќа – активистката Бранкица Димитровска и други собираат потписи лицата со попреченост да влезат во Парламент со независна листа

Активистката за правата на лицата со попреченост Бранкица Димитровска, заедно со други лица со попреченост, родители на деца…