Мајката која не јаде за да има храна за ќерките стравува дали ќе ја преживеат зимата

Се наближува зимата и Даниела од Крива Паланка 34 годишна мајка на две ќерки стравува дали ќе ја преживее. Хумани граѓани помогнаа да соберат нешто храна , но градежни материјали не се најдоа. Куќата е се само не куќа за живеење. За целата ситуација да е уште потешка, сопругот е тешко болен и оневозможен да и помогне.
Итно се потребни градежни материјали за да се санира куќата за ова семејство да ја пеживее зимата. Луѓе кои ветиле не го исполниле своето ветување затоа се бара чаре од навистин хумани луѓе или фирма која би им излегла во пресрет. Не се работи за многу за патос за покрив за гипс картон за зидови за шајки.
Сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат на оваа храбра жена и нејзината фамилија слободно нека го исконтактираат Отец Оливер – 078 / 383-743

Total
0
Shares
Поврзани објави