Мајка и син питачат пред Парламетот , државата со години не им дава социјално и засолниште

-Е сестроооо со детето молев кај пратенициве, бев и во социјално но ништо останавме со години на улица. Немаме надеж за ништо останува вака ден за ден да собериме по некоја паричка и да јадеме нешто. Само да имам здравје за друго што дал народот, ни раскажа денеска Ружа Раичевиќ, која со месеци седи на клупа зад Парламентот во центарот на Скопје. На неколку метри подалеку е синот кој е повозрасен,

но не е како мајка му расположен да зборува. Седи обвиткан со ќебе и бос вели се навикнал на студот , а ако некој го викни да работи ќе работи било што.
Ова семејство има тажна судбина која од куќа со три деца сега мајката и едниот син се на улица. Ружа е по потекло од тетово. Дошла Скопје се омажила и родила три деца, два сина и ќерка.
-Мажот се фати со алкохолот и почна да не малтретира. Полека семејството се распадна. Јас и едниот син заминавме во куќата на ќерката, но и таа не избрка оти нели немам пари немам работа и не ме сака. Живеев под кирија, но откако останав без работа, останавме на улица. Четири години работев во Општина Аеродром метев по улици, но ниту бев пријавена ниту здрствено осигурвање ми дадоа, ја раскажува Ружа својата приказна. Но поради проблем со едната нога од Општината ја отпуштиле. За синовите и ќерката не сакаше да зборува.
-Едниот е во Италија не сака да не види и прибери, барем брат му да го земе. Ќерката не не сака. Јас знам само да метам. Зима иди. Бев во парламетов и молев, бев и во социјално не ми даваат ништо. Немам ниту земја ниту ништо. Во Визбегово прашавме да преспиеме, но ни рекоа се уште е топло кога ќе застуди тогаш….
Поради проблеми насилство тежок живот во семејството целосно се распаднало и секој тргнал по свој пат. Ружа не сака да зборува за овој дел од минатото оти почнува да плачи и да се вознемирува. Сега само мисли со синот да соберат пари за еден сомун леб и кисело млеко за друго кога ќе има.
Иако Ружа останала на улица сепак секој што ќе помине и и даде некој динар го благословува со насмевка. Вели најважно од се јас сум здрава и затоа барам да работам, но до тогаш морам да барам пари вака.
-Само да сме здрави имам 62 години и можам да работам, за друго се ќе се снајдеме, вели Ружа и не испрати со насмевка и молба државата да помогне.

Total
0
Shares
Поврзани објави