Лифт со четворица станари паднал во нова зграда во Карпош

Лифт се откачил и паднал во зграда на улицата Трифун Бузев во скопската населба Карпош 4, во средата, пренесува sdk.mk . Во лифтот имало четворица станари, но никој не е повреден. Според порталот се работи за нова зграда , која сѐ уште нема технички прием, но неколку станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот.

Како што кажуваат станарите, лифтот се откачил додека бил на првиот кат и паднал до подрумот на зградата односно два ката под земја.

Вчера затекнавме работници кои го поправаа лифтот. Станарите велат дека случајот го пријавиле во полиција.

Од Општина Карпош велат дека досега никој кај нив не го пријавил инцидентот. „Според нашите сознанија, зградата на оваа локација е во градба, односно нема технички прием и употребна дозвола.  Ќе излеземе на терен со инспекција“, велат од Општина Карпош за порталот sdk.mk .

извор sdk.mk фото : илустрација

Total
0
Shares
Поврзани објави