Почитувани портали, телевизии, новинари и медиуми, Ве молам слободно да го превземете ова видео и да се запре ова девијантно однесување, ако воопшто и може🙏Вчера дојдов само на ден и пол во мојот роден град и што да видам. Мои сограѓани крадат среде бел ден од контејнерот за донација на облека поставен од "Црвен Крст" до "Ситу Мол".Мојот сограѓанин напикан сосе глава, фул у контејнерот, си вадеше што му се бендисува, а другите мои сограѓани, а воедно и другари/роднини на погоре напиканиот, ги собираат парчињата облека.Гледав, снимав и сфатив дека не сме на дното, под него сме😢Отидов кај обезбедувањето на "Сити Мол" да изреагирам и одговорот на секјуритито беше: "Знам, не им е прв пат".Значи он знае дека контејнеров за донации е уствари самопослужување од моите ромски сограѓани, али јбг, шо да праи🤦‍♂️Гледав, снимав и сфатив дека не сме на дното, под него сме😢

Posted by Damjan Drenkovski on Wednesday, January 23, 2019

Видеото е снимено пред трговскиот центар Сити Мол каде е поставен специјален контејнер за собирање облека. Контејнерот е сопственост на Црвен крст и во него се остава користена облека која потоа се дава на сиромашни и социјално загрозени луѓе. Овие момчиња се снашле и тоа сред бел ден да го испразнат. Едно од нив е пиканто на половина отворен лост од отврот на кој се става облеката и се спушта во контејнерот. Се работи за дете чиј живот е загрозен бидејчи лесно може да биде поттиснат од лостот кој е метален и тежок.

Интерно обезбедувањето околу трговскиот не реагира на кражба пред очите на сите минувачи како што вчера не реагираше и  на момче од Качаник кое просеше помеѓу масите и до касите на сендвичарите на најгорниот кат на молот.