Комитите до починатиот другар: “Трибината ќе биде твој дом секогаш!”

Никола Саздовски, 20-годишно момче, член на навивачката група „Комити“ кое беше претепано со шипки и ножеви утринава почина по неколу дена во кома. Тој беше крвнички претепан од, според пишувањата на социјалните мрежи , припадници на групата Шверцери. Полицијата овој инцидент го затвори како насилство иако момчето беше претепано до смрт. Во болница Саздоски бил примен во арефлексна кома, односно имаше мозочна смрт.
Крвичкото тепање се случи во населбата Автокоманда. Младото момче го пресретнале четворица непознати луѓе од возило, излегле од него и почнале крвнички да го тепаат. Освен повреди од шипки, кобено за Саздовски било тоа што паднал на тротоар и се онесвестил. Но тука тепањето не застанало. Мотивот не е познат, но од блиски пријатели на Саздовски велат дека и претходно добивал закани по неговиот живот, а во моментов добиваат и други навивачи од „Kомити“.
“На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор” соопштија од полицијата и го затворија слушајот како насилство иако се бараше дело убиство во обид. Но обвинителството по смртта на Саздовски може да направи и преквалификација на делото и да одлучи притворените да ги гони за убиство.

“Никола Саздовски !
Трибината ке биде твој дом секогаш !! Не издржа во најголемата битка !!!
Знаеме дека не си се предал лесно,но веруваме дека таму каде што замина повеќе ќе ти се допаѓа. Најди мир и спокој нека те чуваат ангелите.
Биди и од горе поддршка за Вардар, биди и горе КОМИТА!!!!!”, се простуваат пријателите од Саздо.
Навивачката група Комити пред три дена остро реагираше на истрагата за претепаувањето.
” Молчевме цела недела, огорчени, потиштени и со мислите кон нашиот млад брат. Како да ви го објасниме МВР нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто, од кое нема враќање назад.
Нашите прашања до институциите, НВО-та(ако постојат уште такви), медиумите и граѓаните на оваа наша измачена земја, се:

1. Од кога тоа, дело, убиство во обид, кое се казнува со дваесет години затвор, се преобразува во дело насилство?
2. На кој начин дело сторено на 29.06. 2018 година, се објавува во полициски билтен на 02.07. 2018 , наместо следниот ден, како што е редот?
3. До кога ќе ги заштитувате милениците на дуи(шверцери) како бели мечки?

Осудените за убиство во делото “Монструм”, каде на 5 Македонци им беше одземен животот, се слободни, а луѓето што го нападнаа “Могли” од Струга (кој во интервјуа раскажуваше дека Македонскиот народ не постоел) се затворени. Прашуваме каде е тука правдата!?
Се сеќавате ли на Мартин Нешковски и реакцијата на тогашните “револуционери”!? Се сеќавате ли дека сето тоа беше за прикривање на дело!? Се сеќавате ли колку бевте гласни!? Тогаш глумевте за личен интерес и за полнење на вашиот џеб, а сега кога го нема тоа, скриени како глушец во дупка. Ние, кубурата и камата нема да ги криеме за црни денови, зошто се веќе дојдени.
Нашите мисли, срце, душа и нашите молитви се со Саздо и неговата фамилија. Се молиме, да повторно дојдеш и запееш со нас, за Вардар и за Македонија!!!”

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почитуван премиер Зоран Заев јас сум многу разочарана и гневна, бидејки ми ветивте, но тие што требаше да го реализираат ветувањето не го исполнија

Снежана Караџовска , жената која во сообраќајка ги изгуби двете нозе му пиша отворено писмо на премиерот. По…