Која е девојката на Пино, кој е последниот пат на Пино ?

Според сознанија на DOSIE.MK кои се дел од истрагата Пино бил намамен од девојката од скопската населба Ѓорче Петров , Анѓела и вечерта кога исчезнал бил со неа. Во интерес на истрагата не се откриваат детали околу средбата.

Но она што ја води истрагата до Арачиново е чудниот пат на движење на Пино. Како што брифираат наши извори наводно Пино бил и до Тетово за што има доказ од камера на патарина со која е снимена неговата бела шкода. Потоа се враќа но не влегува во Скопје туку преку обиколница оди кон Арачиново. Некаде кај Стајковци му исчезнува секаква трага. Тука се губи и сигналот од мобилниот телефон.

Осомничениот за убиството е од Арачиново. Девојката според првичната информација од обвинителстото е замешана во мамката во која влегол Пино. Таа според нашите сознанија е ќерка на возач , дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во незгодни друштва и пороци. На нејзниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв. Била и на полиграф но го поминала.

Истрагата допрва ќе го открива мотивот за убиството иако се плетат неколку верзии за кои засега нема ниту една официјална потврда.

Медиумите кои вчера беа на местото каде е пронајдено телото  на Пино прнестуваат дека бил најден череп со дупка и растргнат скелет. Местото е тешко достапно но телото не било длабоко закопано. Дождовите направиле свлечиште а најверојатно делови биле растргнати од животни. Со ДНК анализа е потврден идентитетот на момчето.

Пинета Секондо е убиен со куршум од пушка во глава и фрлен во дупка , а телото покриено со кебе и камења, вест која ја шокираше македонската јавност. Мајката на Пино беше жената која организира неколку протести во потрага по синот кој таа самата го пријави дека е исчезнат.

Total
0
Shares
Поврзани објави