Денеска во Скопје деца кои секојдневно ги гледаме на семафори како просат беа среќни оти и нив некој им подари пактче. Две девојки Верче Крстевска и Маргарет Курт , од хуманитарната организација Стопли срце возеа низ градот и ги повикуваа децата на семафорите. Им делеа пакетчиња а тие ем збунети ем радосни.

И кога сите чекаме да ја испратиме старава година и да ја дочекаме новата, кога сите после работа брзаме некаде, кога имаме гужва која ни создава нервози, оваа девојка им го стопли срцето. Убаво е чуството кога некој ќе помисли и на овие деца. 👏👏👏 тоа е таа хумана страна ❤❤❤ – е новогодишната порака на Стопли Срце