Канта пазар во Центар , граѓаните вознемирени

На неколку картонски кутии и стари изветвени валкани предмети од куфери до кациги шпорети и облека се продаваат пред влезот на Зелено пазаче во центарот на Скопје. Луѓето, повеќето од ромска националност се наместени токму пред влезот на гаражите на станарите од познатиот Градски зид. Влезот делумно е блокиран и доколу се сретнат две возила тешко се разминуваат.
На овој дел од Скопје иако се ветуваше дека пазарот ќе биде дислоциран и на тоа место ќе има парк , сепак ова традицонално место за купување зарзавати се проширува се повеќе околу зградите. Она што ги вознемири продавачите во пазарот, станарите од околните згради и дуќанџиите е што сега околу нив почнуваат да се продаваат и стари од контејнер извадени отпадоци. Почнува да се чувствува непријатна миризба и да се прави ѓубре заради што тие апелираат полицијата и инспекциите итно да реагираат.
Ваков вид пазари секој голем град и секаде претставува туристичка атракција. Се нуди сѐ и сешто, а стоката е најчесто од исчистен подрум или контејнери. Ваков канта пазар до пред една година функционираше кај полигонот за обука за возачи до кејот на Вардар накај Кале. Но сега местото е приватна парцела, каде треба да се гради хотел. Продавачите потоа се префлија на улицата пред полигонот но поради сообраќајниот хаос беа препратени кон отпадот Вардариште. Но сепак продавачите повторно се вратија на улицата а некои од нив полека заземаат места пред Зелено пазарче во центарот на Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави