Како тешко болната актерка од „Beverly Hills“ се подготвува да замине од овој свет?

Американската актерка Шенон Доерти (49), која што се прослави со улогата на Бренда во серијата „Beverly Hills 90210“, повеќе години се бори со својата тешка болест, а во последните неколку седмици нејзината здравствена состојба навистина се влоши.

Таа неодамна признала дека пишува писмо со кое што ќе се збогува од своите најблиски, но и дека ќе сними видео порака за своите пријатели и семејството, кое што сака да остане и по нејзината смрт. Таа исто така додала дека пронашла и песна која што сака да ѝ ја свират за време на погребот.

Станува збор за популарната песна „Tears in Heaven“, а сега открила дека исто така избрала и облека во која што сака да биде погребана:

„Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан кој што го добив од една од најдобрите пријателки пред неколку години. Во него се чувствувам посебно. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во добро сеќавање“ – започнала таа.

„Во последните неколку месеци се трудам да ги поправам односите, да им се извинам на луѓето кои што сум ги повредила – свесно или несвесно. Настојувам да живеам и да уживам во тоа малку време колку што ми остана“ – изјавила актерката.

„Се плашам, секако дека се плашам. Не знам што ме чека кога ќе го испуштам последниот здив и каде ќе отиде мојата душа. И тажна сум, тажна затоа што нема да можам повеќе да ги видам моите пријатели, да се дружам со нив, да ги бакнувам и прегрнувам. Мора да прифатите да живеете со сите лоши и добри работи“ – заклучила таа.

Total
0
Shares
Поврзани објави