Иван се разбуди, чука срцето на Емилија

Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чувствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подигне свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации. ❤️
*фотографијата е објавена со согласност

ФБ – Венко Филипче

Total
0
Shares
Поврзани објави