Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на заболени и смртноста од Ковид-19 во Македонија, се заразил со Ковид-19 иако веќе ја примил првата доза на вакцината Оксфорд/АстраЗенека.

Неговот искоство со лечењето го сподели на социјалните мрежи. Во продолжение целиот негов статус на ФБ:

Бев еден од првите во државата кои примиле вакцина од Оксфорд/АстраЗенека, а ги опишав и ефектите во првите 30 часа од вакцината. Бев сигурен дека го направив вистинскиот потег со одлуката за вакцинација.Сега ќе опишам како таа една доза на вакцината ме спаси од тешка форма на болеста, кога веќе не успеа да ме заштити од заразување. А како би ме заштитила кога во Битола 14-дневната инциденца изнесуваше 1.070 случаи на 100.000 жители, цели 9 пати над нивото на многу висок ризик за ширење на зараза, според ECDC? Таква ни била среќата, да им бидеме во рацете на лудаци кои беспризорно ја водат државата, па наместо да ја тргнат хавариската сопирачка (во отсуство на вакцини) – ладнокрвно испраќаа и се уште испраќаат во смрт илјадници луѓе.Целото четворочлено семејство бевме позитивни на SARS CoV-2, а не дознавме ни кој прв заболел ни од каде ја донел инфекцијата. Од една страна, сопругата мораше да оди на работа, каде болни ученици кашлале и ги ваделе маските од лицата или ги спуштале под носот. Во колективот кај нив не знаеме дали останал некој здрав од вработените, но МОН не сакаше до последно да дозволи прекин на практичната настава, по цена на секојдневно разболување на деца и наставници. Многу вработени завршија на болница, некои потрошија цели богатства во приватните болници.Од друга страна, можно е јас да сум го добил вирусот во КАМ маркетот (поверојатно, заради гужвите и поблиските контакти меѓу луѓето) или во ШИК маркет (помалку веројатно, заради поширокиот простор и помалите гужви). Еден интересен детал – кога 14-дневната инциденца во Битола надмина 1.000, започнав да купувам и трупам храна за да може целото семејство да ги прекине сите врски со надворешниот свет на 10-15 дена, додека помине епидемискиот врв во Битола. Тогаш апелирав и до граѓаните да не стапнуваат во кафеаните во наредните 2-3 недели, за што ќе се присетат многумина. Планот беше добар, но за жал вирусното оптоварување беше преголемо и болеста побрза, па таа храна сепак ни се најде – ама за во изолација, наместо за превентива.Во мојот случај паралелно се одвиваа две болести – тешка настинка од шетање по дожд и ветер (можеби така сум го пореметил имуниот систем), со температура до 39,5 степени (така ковидот НЕ започнува). 5-6 дена продолжував со дневната рутина, пешачење на 15-18 километри дневно, така што таа висока температура спонтано опадна. Но, дијарејата беше веќе типичен симптом за ковид-19, варијанта B.1.1.7. Кога разбрав дека домашните ја имале истата мака, одлучив сите да се тестираме. Тестовите, нормално, беа сите позитивни.Со добивањето на решенијата за изолација заврши моето шетање и трчање, па со повеќе одмор дома состојбата рапидно се подобри. Кога подобро ќе размислам, освен дијареа (пролив) и температура до 38 степени, немав нешто посериозно, иако првите денови се ми беше измешано со настинката од трчањето. Примената прва доза АстраЗенека ми даваше сигурност дека нема да добијам пневмонија (шанси само 1:300) или дека ќе завршам на болница – шанси 0%, според научната студија од Универзитетот во Крагујевац.Од матичните доктори сите (освен ќерката, која беше асимптоматска) добивме упати до модуларната болница. Таму ни беше земена анамнеза, крв за анализи на ЦРП и Д-димери, како и рентгенско снимање на бели дробови и срце.Наредниот ден пристигна наодот. При кристално чисти бели дробови и уредни Д-димери, сатурација 97%, само заради покачени ЦРП, ми препишале еден куп лекови – два антибиотика, нешто за желудникот, сите можни витамини, цинк, кверцетин и којзнае што уште. Се присетив на текстовите на професорот Драган Даниловски (кого и лично го консултирав за мојата ситуација), на проф. Пановски и докторката Љиљана Којиќ. Како што е познато, тие се категорично против земање антибиотици за болест предизвикана од вируси. Јас самиот, исто така, сфатив дека не постои биолошки механизам за дејство на антибиотицие врз вирусите. Истото важи и за витамините – поради ризикот да го завртам имуниот систем против себе, не доаѓаше во предвид клукање ни со витамини и цинк. Покрај Д-р Даниловски и мојата лична одбивност кон агресивната и бесмислена антибиотска терапија, мојот матичен лекар конечно пресуди: пропишаната терапија од болница ја фрламе в ѓубре, ќе земам само Аспирин од 100 милиграми еднаш дневно и многу течности.Резултатот не го чекавме долго – не поминаа ни 48 часа, буквално преку ноќ температурата самата се собори. Без апсолутно никакви лекови, единствено на организмот му беше потребно време сам да се избори со болеста. Сега функционирам нормално, ја косам тревата, го чистам дворот, режам трендафили и магнолии…Која е улогата на вакцината во сето ова? Примената прва доза АстраЗенека пред 7 недели го подготви организмот за борба. Количеството антитела после првата доза е занемарливо и веднаш опаѓа на нула. Меѓутоа, влегувањето на вирусот во организмот имаше ефект како да сум примил втора доза. Реакцијата беше жестока. Мислам дека антителата (кои во нормални околности започнуваат да се развиваат после 1-3 недели), во мојот случај започнаа да се создаваат веднаш. 5-6 дена од инфекцијата практично немав симптоми, ако не ја сметаме температурата (самата по себе) за симптом. Можам слободно да кажам дека благодарение на вакцината поминав само со една дијареа (пролив) и грижи.Сега главните грижи се насочени кон мајка ми (83), која исто така прими вакцина но – практично на денот на разболувањето или непосредно пред него. Дали и колку ќе и помогне вакцината, дали ќе има ефект и од лекот Ивермектин, ќе видиме. Повеќе од 10 дена успева да се лекува дома, а дали ќе успее да избегне болница – не знаеме.На крајот, пак се враќаме на почетокот на приказната: дали е хумано да се загрози здравјето на толку многу луѓе (многумина поминаа многу полошо, а илјадници починаа) само заради глупава тврдоглавост, насилно терање на луѓето да работаат во гужви, дозволување на угостителските објекти да работаат неограничено и без никакви маски и растојание (!), обложувалници и казина и слични несуштински дејности без никаква потреба да примаат луѓе, кои се заразуваат и потоа ја пренесуваат заразата насекаде, па и во маркети и пазари.Дали тој ВФ и ЗЗ влегле во болниците да ги видат луѓето како се мачат за воздух додека чекаат за снимање на рентген? Дали имале макар една кошмарна ноќ заради несреќата во којашто ја втурнаа целата нација?Во моето семејство неизвесноста се уште не е завршена. Доколку живеевме во едно понормално и похумано општество, мајка ми, без коморбидитети и без никакви лекови сигурно би живеела барем уште десетина години. Вака животот и е доведен во ќорсокак поради овие нелуѓе. Единствено посакувам некоја следна власт да ги изведе пред лицето на правдата и да ги осуди на долгогодишна робија за сите злодела што ни ги направија со своето монструозно владеење. Премногу штети направија за да поминат неказнети, ова едноставно не се заборава и не се простува.

Р.Д.