Хуманоста на д-р Караѓозов од Аџибадем Систина – ТИ СИ НАШ ХЕРОЈ

“ПРВ ПАТ ВО ЖИВОТОТ ДОБИВ ВАКВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ” – се зборовите на д-р Митко Караѓозов кого денес група хумани луѓе го посетија во болницата Аџибадем Систина.

Тоа се активистите кои се бореа за животот на Илина Арсовска жената која д-р Митко Караѓозов со неговиот тим и болницата Аџибадем Систина бесплатно ја згрижија – жената која со огромни болки и несоодветни услови со отворена рана и постоперативно по преживеан мозочен удар и неколку операции лежеше во кумановската болница. По објавувањето на видеото на ДОСИЕ.МК активистите се обидоа на сите начини да и помогнат на Илина. Оној кој најмногу помогна и несебично се заложи за оваа млада жена која има тешка животна судбина да добие достојна и врвна нега, беше токму д-р Карѓозов.

Денес дел од активистите го посетија со торта и буќет цвеќе. Не случајно торта и цвеќе. Тортата на која пишува ТИ СИ НАШ ХЕРОЈ е симбол за благ и долг живот, додека цвеќето симболично – колку повеќе го негуваш толку повеќе и подолго живее, кое е подарок од Директорот Адријан Муча исто така голем хуманист. Активистите му се заблагодарија и на Менаџерскиот тим на Аџибадем Систина и Директорот Орце Камчев.

Според информациите од болницата Илина се чувствува подобро нејзиното лекување ќе трае долго, а повеќе детали деновиве кога и лекарскиот тим ќе може да соопшти информации за здраствената состојба на жената која е на интензивна нега.

Total
0
Shares
Поврзани објави